Тепачка во локал во Тетово - демолирале се пред себе

Вчера околу 01 часот било пријавено дека има нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица во угостителски објект на улицата „133“ во Тетово.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и го затекнале 22-годишниот М.Ѓ. од Тетово како со метален предмет ги кршел стаклата на објектот.

На местото бил затекнат и 20-годишниот Ф.Д.  кој се обидел да побегне, но не успеал.

Двајцата биле приведени во полициска станица. Поради постоење сомнение за инволвираност во нарушувањето, биле приведени и задржани и Е.З.(33) од Тетово и А.Р. (32) од Охрид.

 

 

 

05.02.2018 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега