Сообраќајка во Македонија вечерва: Тешко повредени татко и ќерка итно префрлени на скопските клиники

Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајка што се случи доцна попладнево во близина на мостот во селото Милетино на локалниот пат Брвеница-Радиовце.

Несреќата се случила околу 18 часот и 30 минути, а повредените првично се однесени во Тетовската клиничка болница, но поради сериозноста на повредите се препратени на скопските клиники. 

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека до несреќата дошло кога автомобил „голф 5“ со хрватски таблички што го управувал 24- годишниот М.Д од Радиовце удрил во запрежната кола во која биле 71-годишниот татко и неговата 18-годишна ќерка.

- Увид на местото од несреќата изврши екипа на СВР Тетово и се работи на утврдување на причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајката, изјави Јосифовски.

 

 

 

05.02.2018 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега