Тешка сообраќајка на скопската обиколница- маж со заврши на скопските клиники

Вчера во 19,00 часот на обиколницата на град Скопје, во атар на село Волково, се случила сообраќајна незгода.

 Во незгодата учествувале товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, со приклучно возило, управувано од 53- годишниот А.С од село Горно Седларце тетовско и паркирано товарно моторно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники "Мајка Тереза" каде што е задржан на понатамошно лекување.

 

 

 

 

06.02.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега