Видео: Превртен камион на скопска обиколница - едно лице тешко повредено

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 19 часот на скопската обиколница, во атар на село Волково, каде 53-годишниот А.С. од тетовското село Горно Седларце се здобил со тешки повреди.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, со приклучно возило, управувано од А.С.и паркирано товарно моторно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки.

-Во незгодата А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” каде што е задржан на понатамошно лекување, информираат од МВР.

 

 

 

06.02.2018 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега