Пратеникот Мукоски во петок на распит во Обвинителство

Пратеникот Крсто Мукоски во петок ќе биде донесен на распит во Обвинителството, каде за првпат ќе биде сосшулан по отвораето на истрага за настаните од 27. април, објави ТВ24.

Освен Мукоски, претходниве денови на распит во Обвинителство бил донесен и пратеникот Сашо Василевски.

Мукоски и Васлевски заедно со Љубен Арнаудов се осомничени за настаните во Собранието и се наоѓаат во пртивор, додека на пратеничката Жаклина Пешевска и беа одредени мерки за претпазливост, а пратениците Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се во куќен притвор.

Тие заедно со над триесет други лица се осомничени за терористичко згрозување на уставниот поредок и безбедноста.

 

 

 

06.02.2018 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега