Тепачка во цетрала на скопска такси компанија: Таксистот ја нападнал диспачерката затоа што го исклучила од сообраќај

Тепачка настанала вчера пред полноќ во централата на една скопска такси компанија, лоцирана на улицата „Димитар Туриманџовски“.

Како што информираат од полицијата вработен таксист, на возраст од 53 години, и неговата 47-годишна сопруга, дошле во централата и почнале да и се дерат и да ја навредуваат вработената диспечерка, 23-годишната Р.Л.

По кратко време, истата го повикала нејзиниот сопруг 35- годишниот Б.К кој дошол во централата со негов пријател, при што дошло до меѓусебна пресметка помеѓу лицата. Причина за нарушувањето била тоа што С.Р. во текот на денот додека работел како такси-возач бил казнет-исклучен од страна на диспечерката Р.Л.

Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.02.2018 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега