Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Уште две лица деновиве се искасани од кучиња скитници во Скопје.

41-годишниот Б.В вчера околу 16 часот и 40 минути пријавил дека на 01.02.2018 година околу 21часот и 15 минути на улицата „Димитрија Чуповски“ нејзината 15 годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата дланка.

Исто така, вчера во 21 часот и 30 минути 23- годишниот Т.Тпријавил дека истиот ден околу 15 чсот и 20 минути на булеварот „ВМРО“ бил нападнат од неколку кучиња-скитници од кои едно го каснало за левата нога во пределот на подколеницата.

Инаку, експертите предупредуваат дека при гризнувањето од кое било животно, најдобро е раната да ја прегледа доктор дури и во случај кога мислите дека се работи само за гребнатина.

 

 

 

 

06.02.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега