Семејна драма во скопско: Со тупаници ја претепал мајка си и ја турнал на земја

Син брутално ја претепал својата мајка вчера во скопско Визбегово.

83-годишната Р.Т. вчера пријавила во полиција дека нејзиниот 50-годишен син Н.Т. физички ја нападнал, при што со две тупаници ја удрил во пределот на главата и телото. Од ударот Р.Т. паднала на земја и се здобила со видливи повреди во вид на оток и црвенило во пределот на главата.

Полициски службеници веднаш пристигнале на лице место.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

06.02.2018 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега