Страшна несреќа во Скопје: Четворица повредени, двајца потешко

Четири лица, од кои еден потешко, се повредени во сообраќајката што вчера попладне се случи на раскрсницата меѓу булеварот „Словенија“ и Качанички пат.

До сообраќајката дошло при судир меѓу „Ауди“, со косовски регистерски таблички, управувано од 44-годишниот С.А., и „Фолксваген Бора“, управувано од 30-годишниот Б.И. од Скопје.

Потешко повреден е сопатникот во „Ауди-то“, И.А.  од Косово, кој е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка опасност. 

Повредени се и возачот на аудито и возачот и сопатникот на „Бора-та“. Возачот Б.И. и сопатникот, 25-годишниот Х.Ф. се пренесени во Универзитетската клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“, а возачот на „Ауди-то“ е пренесен во ГОБ „8 Септември“, по што е препратен на Ургентниот центар, а потоа пуштен на домашно лекување.   

При вадење на повредените интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.  

За несреќата известен е јавен обвинител, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Скопје. 

Се утврдуваат причините кои довеле до несреќата. 

 

 

 

07.02.2018 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега