Го шетал кучето а тоа искасало човек - маж од Демир Капија нападнат на улица
Во 12 часот и 30 минути вчера, 45-годишниот А.С. од Демир Капија, додека се движел по улицата „Партизанска“ во Демир Капија, бил соборен на земја и каснат од куче.
Полицијата информира дека се работело за домашен миленик, кој му припаѓа на 59-годишниот Љ.Д. од Демир Капија.
Кучето го каснало А.С. за левата нога во пределот на потколеницата. Веднаш потоа А.С. го пријавил случајот во Полициската станица во Демир Капија.
07.02.2018 - 10:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа