Се скарале за „глупост" па направиле хаос - летале шишиња во скопски локал
На полноќ било пријавено дека во Скопје во Трговскиот центар-Беверли Хилс, во угостителски објект при крај на работното време, сопственикот З.В.се обидел да ја изгасне музиката, по што група гости, кои дошле малку подоцна, негодувале на одлуката на и започнале вербална расправија со него.
По расправијата Д.А. физички го нападнал сопственикот а за да не дојде до поголем инцидент, 41-годишниот И.С. гостин во угостителскиот објект, застанал помеѓу лицата и сопственикот. Тогаш настанала турканица, и за кратко време од страна на групата гости биле фрлени неколку шишиња кон шанкот, по што го напуштиле угостителскиот објект.
Околу 02 часот и 30 минути И.С. заминал во друг угостителски објект и физички бил нападнат од страна на десетина лица, меѓу кои и лица кои учествувале во нарушувањето во предходниот угостителски објект при што му се нанесени телесни повреди.
Во мешаницата со неколку удари во главата бил нападнат и менаџерот на угостителскиот објект, 25-годишниот С.С. После нарушувањето, напаѓачите избегале од местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа