Продавачка од Скопје во болница - ја претепале и ограбиле
Во 21,00 часот вчера во полиција било пријавено дека во Скопје на улицата „Борис Сарафов“ во колонијална продавница четири непознати лица извршиле разбојништво врз вработената.
На жената и нанеле телесна повреда, па и земале неутврдена сум пари од дневниот промет, пренесе полицијата.
Од страна на екипа од Итна медицинска помош вработената била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“, за укажување лекарска помош.
Од страна на СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
08.02.2018 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа