Скопјанец ја претепал поранешната девојка зошто одбила да има односи со него
Дваесет и петгодишна скопјанка била физички нападната од нејзиното поранешно момче поради тоа што не сакала да има сексуален однос со него.
Таа во полиција пријавила дека во средата околу 18 часот и 30 минути во село Волково додека седела во возило со нејзиното поранешно момче И.А. била нападната од него со тупаници во главата, телото, грбот и рацете по што почнал да ја допира по телото.
Причина за нападот, според девојката, е тоа што не сакала да има сексуален однос со него бидејќи ја прекинале врската пред две недели.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
08.02.2018 - 12:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа