Му го украле Југото во Ќерамидница
Непознато лице вчера во периодот од 6 часот и 30 минути до 15 часот украло автомобил „Југо 55“, сопственост на 54 годишниот скопјанец М.Т.
Кражбата се случила на улицата „808“ во Ќерамидница, а сторителот без да биде забележан го стартувал возилото со клучевите кои биле оставени на воланот и го напуштил местото на настанот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото.
08.02.2018 - 12:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа