Сообраќајка кај Симпо, едно лице итно пренесено во болница (фото)

Сообраќајна несреќа попладнево се случи на раскрсницата со булевар „Партизански Одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“. Неофицијално во несреќата учествувале автомобил и велосипедист- пишува Курир.

Според првичните информации на МВР во истата повредено е едно лице.

Од полицијата за Курир информираат дека случајот кај нив бил пријавен од страна на екипа од Итна медицинска помош која била повикана на местото на несреќата. Повредено лице било транспортирано кон една од скопските болници.

Полициски екипи се упатени на местото на несреќата, по што се очекува да бидат познати повеќе детали.

 

 

 

08.02.2018 - 16:54
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега