Мртов маж пронајден утрово кај Зелено пазарче

Повозорасен бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарницата пред Зелено пазарче во Скопје, објави порталот Плусинфо.

Од погребалното претпријатие „Бутел“ веќе го подигнале телото на бездомникот, на местото имало и полиција, како и лекар кој ја констатирал смрт.

Пазарџиите коментираат дека го познавале бездомникот и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето во центарот на Скопје.

Како што информираа од полицијата за Плусинфо, станува збор за 50-годишен маж, а случајот во полиција бил пријавен во 6.30 часот.

 

 

 

09.02.2018 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега