Утврден идентитетот на починатиот маж кој беше пронајден кај Зелено пазарче

Утрово на плочникот кај „Зелено пазарче“ беше пронајдено безивотно тело на повозрасен бездомник.

Од полиција информираат дека станува збор за 50-годишниот скопјанец С.С.

Оттаму велат дека случајот кај нив го пријавил граѓанин околу 6:30 часот.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

 

 

 

09.02.2018 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега