Со автомобил удрил во вработен на бензиска во Скопје, маж итно пренесн на скопските клиники

Доцна синоќа во 23 часот и 12 минути во Скопје, на улица „Христо Татарчев“ кај бензиската пумпа на "Макпетрол", патничко моторно возило удрило во вработен на бензиска во Скопје.

Имено „Џип Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот  Ј.С удрил во вработен на бензиската пумпа 57- годишниот  В.С од Скопје- се вели во соопштението.

Во незгодата, В.С. се задобил со тешки телесни повреди - фрактура на левата нога, и е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување лекарска помош.

 

 

 

 

09.02.2018 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега