Осум странски и двајца Македонски државјани уапсени во Гевгелија

Полициски службеници од Полициска станица Гевгелија синоќа при контрола на патничко моторно возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки управувано од 41-годишниот Б.А од кичевското село Србица, кој бил заедно со 39- годишниот  А.Н од кичевското село Арангел, откриле осум странски државјани од Иран, Ирак, Пакистан и од Турција кои немале документи за преминување на државната граница.

МВР инфомира дека лицата се приведени на местото викано Мечкин Камен во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

 

 

 

09.02.2018 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега