Продолжува судењето за случајот Т.Н.Т

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Т.Н.Т“ на СЈО, што се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

На денешното рочиште присуствуваат поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, кои се обвинети за уривањето на комплексот „Космос“.

Во овој случај обвинети се седум лица, меѓу кои и градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Според Обвинителството, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Обвинетите на минатото рочиште се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ да можат да се користат како докази во судската постапка. 

 

 

 

09.02.2018 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега