Утринава ограбена банка во скопско Маџари: Под закана со пиштол украдено огромна сума на пари

 

Утринава под закана од пиштол ограбена е филијала на Стопанска банка во Маџери, при што е одземена голема сума на пари, а случајот за Скопје 24 го потврди полицијата.

Имено, утринава во 08 часот и 50 минути е пријавено дека на улица Благоја Стевковски, филијала на Стопанска банка е ограбена од едно непознато маскирано лице кое било вооружано со пиштол и одзело 100.000 денари и 1.500 евра, а потоа го напуштило местото и се упатило во непознат правец, велат од МВР.

Увидот на настанот сеуште е во тек.

 

 

 

09.02.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега