Кражба во Скопје: Му ја соблекле јакната, го влечеле и удирале по телото

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицата 18-годишниот Б.Р.,  18-годишниот А.Б. и уште две 17 годишни лица сите од Скопје, порадиизвршување на кривично дело - „разбојништво“. 

Како што информираат од МВР, осомничените кривичното дело го извршиле на 24.10.2017 година околу 13 часот на улица „Анастас Митрев" во Скопје, и притоа, откако се приближиле до оштетениот и го прашале од каде е и каде оди, а потоа без повод и причина почнале да го влечат, да го удираат со раце и нозе по главата и телото. Му ја соблекле јакната и од џебовите на јакната му го одзеле телефонот и паричникот во кој имало слободна карта за ЈСП и две риболовни легитимации по што се одалечиле во непознат правец. Од ударите оштетениот се здобил со видливи повреди и отоци на лицето и грбот.

Осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 6.000 денари.

 

 

 

09.02.2018 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега