По претрес во домот, кавадарчанец уапсен поради дрога

Сектор за внатрешни работи  Велес  поднесе кривична пријава против  31-годишниот Н.А од Кавадарци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На  11.04.2017 година во Кавадарци од страна на полициски службеници, при извршен  претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени 44,98 грама марихуана,  5,5 милилитри хашиш и 64 милилитри метадон.

Од преземени мерки било утврдено дека пријавениот, дрогата ја купил во Скопје и имал намера од истата да прави масло.

 

 

 

09.02.2018 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега