Битолчанка добивала закани и уцени поради компромитирачки материјали

Сектор за внатрешни работи  Битола  поднесе кривична пријава против 29-годишниот Т.Т. од  Демир Хисар за сторено кривично дело „уцена“.

Пријавениот во периодот од 01.10.2017 до 07.01.2018 година, преку социјалните мрежи Viber, Facebook и телефонски пораки, на 36-годишна жена од Битола и побарал  5.000 денари, за да ги избрише снимените компромитирачки материјали кои таа му ги испратила. Откако оштетената му го исплатила бараниот износ, пријавениот и понатаму ги задржал снимените материјали кај себе,  и со истите и понатаму ја уценувал.

 

 

 

09.02.2018 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега