Кривична пријава за закани кон Заев на Facebook

Закана упатена кон премиерот Зоран Заев е само едно од кривичните дела за кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР изготвиле известување до ЈО при Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, во изминатиот период документирале и процесуирале триесет случаи во кои, преку социјалните мрежи, на носители на државни функции во РМ, им е загрозена сигурноста, како и случаи каде што се злоупотребени нивните лични податоци и за истите изготвени се Известувања до надлежен ЈО со цел утврдување елементи за сомнение за кривични дела што се гонат по службена должност од областа на компјутерскиот криминал.

Од поочените шест кривични дела, од МВР велат дека откриено е лице кое се сомничи за сторено кривично дело -„загрозување на сигурност“, а се однесува на регистирана објава на еден македонски веб портал, по претходно објавена статија на социјалната мрежа “Фејсбук“, која во вид на закана е упатена до претседателот на Владата на РМ. Во случајот осомничениот за кривичното дело е откриен во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, со социјалната мрежа “фејсбук“, како и со Интерпол-Берн, Швајцарија и еден интернет провајдер од истата држава. По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното ОЈО.

Од МВР информираат дека на ист начин постапуваат по сите доставени пријави за закани за загрозување на безбедноста и сигурноста на сите граѓани.

-Сите пријави соодветно се примаат и се документира пријавената содржина. Дополнително по доставено известување до надлежен Јавен обвинител, јавниот обвинител издава наредба до Меѓународниот интернет сервис провајдер за добивање на дополнителни податоци за идентификација на сторителот, појаснуваат од полицијата. 

 

 

 

09.02.2018 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега