Кој е скопјанецот кој утрово беше пронајден мртов на клупа кај Зелен Пазар

Починато лице е пронајдено утрово во 6 часот на клупа кај зелен пазар. Станува збор за 50 годишен маж од Скопје. Лицето го пријавиле  во полиција случајни минувачи. Според информациите до кои дојде Сител не се работи за бездомник а смртта најверојатно настанала поради предозираност од алкохол.

- По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта кај лицето што е пронајдено  утрово

50 годишниот скопјанец живеел сам, не бил оженет и поседувал имот во скопско село Бујковци. Најчесто се движел на локација Зелен пазар, каде е и пронајден утрово.  Според евиденцијата на МТСП  не бил  регистриран како социјален случај иако повремено доаѓал во Црвениот крст да побара помош во храна и облека.  Од хуманитарната организација апелираат да се работи интезивно со овие лица на кои им е потребна помош и ресоцијализација.

Откако е отворен пунктот на црвениот крст зимава, 40тина регистрирани бездомници од кои 11 жени редовно доаѓаат и ги користат услугите во објектот кај Момин поток.

Ова е прв ваков случај годинава лице да почине под вакви околности на улица, иако се работи за граѓанин кој не е бездомник. Од ресорното министерство велат  ниту оваа година ниту лани не е регистриран случај на смрт кај бездомник кој е во нивната евиденција.

 

 

 

09.02.2018 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега