Трагедија во Македонија: Го пронашле мртов во чад и црнило

Трагедија ја потресе Македонија кога вчера во 14 часот и 30 минути во селото Горна Бањица, гостиварско, бил пронајден мртов маж во куќа.

Полицијата денеска информира дека во неговата куќа бил пронајден починат 83-годишниот М.Ш. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била  констатирана смрт. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.

Од извршениот увид било утврдено дека во собата избувнал пожар при што бил опожарен дел од мебелот, а телото и дневната соба биле покриени со чад-црнило.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

 

 

 

10.02.2018 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега