Детали за сообраќајката на патот Градско-Прилеп, едно лице повредено

Едно лице е повредено во сообраќајката што се случи денеска на патот Градско-Прилеп и e пренесено во Општата болница во Прилеп.

Сообраќајот се одвива по една лента, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Сообраќајката се случила меѓу товарно возило и патнички автомобил, а повредениот е патник од автомобилот. По една лента на патот се вози од 11:10 часот.

 

 

 

10.02.2018 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега