Детали за повредената пратеничка на СДСМ - со неа бил и градоначалникот на Валандово

Во тешка сообраќајка синоќа на патот Демир Капија-Удово, тешко е повредена пратеничка на СДСМ од Валандово. Според информациите на Пресс24, таа е итно пренесена во Ургентниот Центар во Скопје, со повреди на главата и телото, заедно со сопатникот.

Се работи за  пратеничката Мери Лазарова, со која бил повреден и градоначалникот на Валандово Перо Костадинов.

До несреќата дошло кога автомобилот Опел Корса со кој управувал еден од повредените, налетал на одрон и се превртел. Тие со повреди на телото и главата биле префрлени на Ургентен.

Се очекуваат повеќе детали.

 

 

 

11.02.2018 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега