Штипјанец пред училиште се расправал со деца па го прободел пријателот со нож

Пред два дена во 23 часот во Полициската станица Штип, 35-годишниот М.Д. телефонски пријавил дека бил прободен со нож во пределот на левата подлактица.

Околу 19 часот и 30 минути отишол кај неговиот познаник, 55-годишниот Ф.А. со привремен престој во Мирјанина црква во Штип, кој работел како чувар во основно училиште “Димитар Влахов“, каде конзумирале алкохол.

Околу 21  часот М.Д. тргнал накај дома, но во дворот на училиштето застанал и разговарал со неколку момчиња, другари на неговиот син. По кратко време, пред капијата на училиштето дошол Ф.А. кој во десната рака држел нож и на висок тон почнал да ги навредува и да ги брка децата. М.Д. се обидел да го спречи Ф.А. во намерата, но Ф.А. го фатил за вратот и го турнал до оградата. Потоа, при меѓусебното влечење, Ф.А. го прободел М.Д. во левата подлактица.

Штипјанецот со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

11.02.2018 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега