Немирна ноќ во Скопје: Ограбувале со пиштоли и безбол палки

Во 16 часот и 40 минути вчера во спортска обложувалница на улицата „Втора Македонска Бригада“ во Скопје, двајца непознати маскирани сторители извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштол од вработениот одзеле 100.000 денари и побегнале во непознат правец. 

Исто така, околу 18 часот и 30 минути во колонијална продавница на улицата „Ѓоре Ѓорески“ во Скопје четири непознати маскирани лица извршиле разбојништво со пиштол и бејзбол палка, кога од вработената одзеле засега неутврдена сума на пари, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчитување на случајот.

 

 

 

11.02.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега