Шестмина скијачи се изгубиле на Шапка, доцна синоќа пронајдени

По речиси седумчасовна потрага МВР успешно ја заврши спасувачката акција при која се пронајдени шестмината скијачи кои вчера попладне се изгубиле на Попова Шапка откако се качиле на Церипашина.

– Синоќа околу 21 часот се пронајдени и спасени шестмина скијачи кои денеска се изгубија на Попова Шапка.Околу 17 часот и 30 минути  во Полициското одделение Попова Шапка дошол 30-годишниот Ф.Р од тетовското село Лисец. заедно со косовскиот државјанин М.З. и пријавиле дека двајца косовски и четворица македонски државјани околу 14 часот и 30 минути со жичница се искачиле на „Церипашина“ и потоа се спуштиле по патеката Јелак. Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, некаде два километри северно од месноста „Шипковачки бачила“, над селото Вешала.

Веднаш е организирана потрага по шестмината скијачи и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста „Студорек“, во близина на „Шипковачки бачила“, и со ратрак веќе се спуштаат кон Полициското одделение Попова Шапка – , соопштуваат од МВР.

 

 

 

12.02.2018 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега