Семејна драма во Тетово: Сестра малтретирала сестра - ја заклучувала во соба и ѝ се заканувала

Синоќа во 23 часот и 20 минути во СВР Тетово, 60- годишната Л.П од Тетово ја пријавила нејзината сестра.

Имено 62- годишната А.П, со која живее во заеднички стан, психички ја малтретирала, ја заклучила во една од собите заканувајќи и се по животот, додека на нејзината ќерка и ја заклучила влезната врата од станот и не и дозволувала да влезе внатре, се вели во соопштение од МВР.

А.П. била приведена и задржана во СВР Тетово за понатамошна постапка.

За настанот бил известен Јавен обвинител Тетово. Против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

 

 

12.02.2018 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега