Шеесетгодишен маж од Пирава, силувал малолетник

 

Триесет дена притвор му е изречен на мажот од селото Пирава кој се сомничи дека извршил полов напад врз малолетник, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска на денешната прес-конференција.

Како што информира, половиот напад врз малолетник од страна на лицето 55- годишниот  Ц.А од село Пирава бил пријавен на 5-ти овој месец во полициската станица на Валандово. По тоа, Надворешната канцеларија за кирминалистички работи од Валандово до ОЈО во Велес поднела известување поради основано сомневање за сторено кривично дело „Полов напад врз малолетник, кој не наполни 14 години“.

По наредба на основен јавен обвинител пријавениот на 6 февруари бил лишен од слобода и предаден во ОЈО – Велес за прибирање на информации со цел навремено откривање, разјаснување и докажување на пријавеното кривично дело.

- Од страна на јавен обвинител во Велес дадени се насоки за постапување. Извршен е разговор со дете-жртва на полово дејствие во присуство на родител и социјален работник, рече портапаролката Рендевска. 

 

 

 

12.02.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега