Несреќа во Скопје: Малолетник управувал со возило, седум лица повредени

Вчера, околу 13:20 часот во полиција било пријавено дека на улицата „Драчевска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила.

Како што информираат од полицијата, сообраќајната несреќа се случила меѓу возилото „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник и патничко возило „Форд Галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано 27-годишниот В.А., двајцата од село Студеничани, скопско. По незгодата, двајцата возачи и сопатниците од возилото „Форд Галакси“ - Х.А. (51), И.А. (54), М.А. (79) и К.А. (50) и Ф.А. (32), сите од село Студеничани, скопско, со две други возила и возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. На сите им била укажана лекарска помош. Кај малолетникот биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останати лица биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

12.02.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега