Брутален обид за силување во Штип

Брутален обид за силување на млада штипјанка. 40 годишен пробиштипјанец со иницијали Д.Н., преку СМС пораки и се заканувал на 18 годишна девојка од Штип, дека доколку не дојде кај него, ќе отиде кај нејзините родители и ќе и направи сериозни проблеми. После упатените закани, таа се сложила да отиде во куќа во Штип, каде насилникот бил дојден, по што се обидел да ја силува. Откако не успеал, почнал да и ја удира главата во ѕид, а потоа и со тупаници во пределот на главата и телото и нанел телесни повреди. За среќа, штипјанката успеал да побегне и случајот да го пријави во полиција, пренесе Сител.

- Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од СВР-Штип. 40 годишното осомничено лице е лишено од слобода и задржано во полициска станица во Штип, за понатамошна постапка-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

 

 

 

12.02.2018 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега