Се барал за обид за убиство, македонската полиција го фати

Во 10 часот и 20 минути на Граничниот премин Табановце, на влез во Македонија од страна на полициски службеник бил приведен 37-годишниот  М.Г. од селото Радолишта-струшко, затоа што при проверка во оперативна евиденција истиот се барал по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка „лиши од слобода“ за “убиство во обид“.

Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

13.02.2018 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега