Кражба во Амбулантата во Арачиново

Во 08 часот и 20 минути 58-годишната Ф.А. од селото Арачиново, вработена во амбуланта Арачиново како патронажна сестра, пријавила дека во периодот од 19 часот и 30 минути на 09. до 07. часот на 12.02 месецов, непознат сторител извршил тешка  кражба во Здравствена станица  Арачиново.

Сторителот со употреба на сила влегол  во подрумската просторија, демонтирал едно црево на резервоарот и одзел околу 200 литри нафта за домаќинство, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

13.02.2018 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега