Нападнт вработен во спортска обложувалница во Скопје

Вчера во 01,00 часот во СВР-Скопје, 37- годишниот Г.М пријавил дека истиот ден околу 23 часот и 20 минути во спортска обложувалница лоцирана на булевар „ Јане Сандански“ непознато лицего нападнало.

Имено изреволтирано бидејќи му била побарана лична карта  за исплата на добитен тикет (согласно законските прописи за исплата на добивка) почнало да му се заканува на вработениот (пријавителот) и во еден момент со кутија полна со пенкала фрлило кон него и го погодило во лицето. Потоа сторителот излегол надвор и земал канта за отпадоци и почнал да удира по влезната врата од објектот, стои во соопштението од полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

16.02.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега