Двајца пешаци прегазени во скопско Инџиково и Маџари, 15- годишно девојче заврши во болница
Во текот на вчерашниот ден, две сообраќајќи во скопско Маџари и Синѓелиќ, во кои настрадале 73- годишен маж и 15- годишно девојче кое се здобило со тешки повреди, беше префрлено во болница.
Вчера наутро околу околу 09 часот и 20 минути, на улица „2“ во село Инџиково- скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопки регистарски ознаки, управувано од 35- годишниот Р.А од Сингелиќ-скопско, удрило во пешакот 73- годишниот С.Б. (73) Инџиково.
Од ударот, С.Б. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Истиот ден но малку подоцна во 15 часот и 20 минути, на крстосницата од улиците „Маџари“ и .„Финска“ во Скопје, патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41- годишниот С.Н од село Сингелиќ-скопско, удрило во пешак, 15-годишно девојче од Скопје.
По ударот, девојчето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на двата случаеви.
16.02.2018 - 13:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа