Скопјанец уапсен доцна синоќа, ја удирал и навредувал сопругата

Вчера во 03 часот и 10 минути во Единицата за информации и команда при Секторот за внатрешни работи Скопје 48- годишната В.М од село Бујковци-скопско, пријавила семејно насилство.
 
Во извештајот од полицијата се вели дека во семејната куќа во село Бујковци била физички и психички малтретирана од страна на нејзиниот сопруг 57-годишниот  В.М, кој што неколку пати ја удрил со раце во пределот на телото и ја навредувал.
 
За време на малтретирањето бил присутен и нивниот син 22-годишниот Н.М. 
 
57-годишниот В.М бил приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

 

16.02.2018 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега