Неготино: Објавил лажен оглас за работа во Германија, а откако ги земал парите исчезнал

 
Надворешната канцеларија Прилеп при секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 30- годишниот Д.К од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
- Во временскиот период од 15.12.2017 до 19.12.2017 година, во врска со објавен оглас, дека пријавениот посредува за виза и документација за работа во Германија, 40-годишната К.М од Прилеп, по претходен телефонски договор за посредување, му уплатила 17.800 денари, по што пријавениот го прекинал контактот со оштетената- соопшти МВР.
 

 

 

 

 

16.02.2018 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега