Жена со тешки повреди итно префрлена на Клиника
Седумдесет и девет годишната Д.Ц. од Неготино вчера околу 19 часот била удрена од автомобил „Даихатсу Фероза“ управуван од 49- годишна А.К.(49).
Како што информираат од полицијата, несреќата се случила на раскрсница со улиците „Цандо Кожинков“ и „Даме Груев“.
-Во незгодата Д.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, по што е пренесена во Итна медицинска помош Неготино, но поради сериозноста на повредите е префрлена во Комплект Клиники “Мајка Тереза” Скопје, информираат од МВР.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.
17.02.2018 - 10:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа