Уште две лица искасани од куче во Скопје
Уште двајца граѓани на Скопје пријавиле каснување од куче скитник во текот на вчерашниот ден, соопшија од МВР.
Вчера 42-годишната А.Р од Скопје пријавила дека во 15 часот и 30 минути на улица "Лука Геров" нејзината мајка 70- годишната В.Р била касната од куче во пределот на десната подколеница.
Истииот ден во 20.00 часот 58- годишниот Р.В од Скопје, пријавил дека на 15.02.2018 година околу 16.00 часот додека со моторцикл се движел на булевар "12-та Македонска Бригада" бил нападнат од куче скитник кое го каснало под коленото на десната нога.
17.02.2018 - 10:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа