Фотографии од страшната сообраќајка кај Ропотово во која загинаа две лица

Две лица го загубија животот, а две се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 11 часот се случи на патот од Македонски Брод кон Прилеп, во близина на село Ропотово.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале патничко возило „Лада самара“ со битолски регистарски таблички, управувано од 46- годишниот М.В, патничко возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од 69- годишниот М.М од село Лажани и товарно возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.Д. од Куманово.

-Во несреќата на самото место починале 66- годишната З.В, сопатничка во возилото “Лада самара“, како и возачот на патничкото возило “Мерцедес“ М.М. Исто така во несреќата со повреди се здобиле и возачот на “Лада“-та М.В. како и сопатничката во истото возило44- годишната Л.В кои што се пренесени во Општата болница Прилеп, информираат од МВР.

 

 

 

18.02.2018 - 10:17
Фото: 
Канал 5

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега