Уапсен странски државјанин на граничниот премнин „Деве Баир“

Вчера во 16 часот и 15 минути на Граничен премин „Деве Баир“ на влез во Република Македонија се пријавил турскиот државјанин кој доставил фалсификуван документ.

55- годишниот А.Т, кој управувал товарно моторно возило „Мерцедес“ со полуприколка „Фруехауф“ со турска национална ознака, кој на увид доставил зелена карта за осигурување која била фалсификувана- стои во соопштението од полиција.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

 

 

 

18.02.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега