Тешка несреќа во Тетово: Излетал од пат и удрил во столб

Во 13 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот В.В. од село Вејце, тетовско, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски електричен столб.

Од ударот, возачот В.В. се здобил со повреди и со медицинско возило бил пренесен во тетовската клиничка болница. Подоцна, поради сериозноста на повредите, В.В. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

 
 

 

 

19.02.2018 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега