Тешка сообраќајна несреќа утрово: Велосипедист на скопските Клиники

Нешто пред шест часот утринава возило „Сеат Кордоба“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Џ.Ш.  од Куманово удрило во велосипед управуван од 56-годишниот С.Б. од Куманово.

Од ударот, велосипедистот С.Б.  се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничка болница Куманово, но поради сериозноста на повредите веднаш бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

 

 

 

20.02.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега