Влегле со пиштоли и зеле 150.000 денари од казино во Центар

Завчера во 23 часот и 50 минути во Полициската станица Центар било пријавено дека истиот ден околу 23 часот во казино на булевар „11-ти Октомври“ непознато маскирано лице извршило разбојништво.

Сторителот со закана со пиштол од вработената одзел околу 150.000 денари,  по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат марки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

20.02.2018 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега