Едно лице уапсено на граничниот премин „Стар Дојран“

Синоќа, во 01:30 часот по полноќ, во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Стар Дојран, на излез од Република Македонија,цариниците извршиле контрола над товарно моторно возило „Мерцедес“ со валандовски регистерски таблици со приклучно возило марка „Динкел“ со српски национални ознаки.

По изврениот рутински преглед на возилото управувано од 32-годишниот Р.А. oд Р.Србија било констататирано дека Вин бројот втиснат на шасијата не бил истиот кој бил запишан во сообраќајната дозвола.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лицето било приведено во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

 

 

 

21.02.2018 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега